Утре од 7 часот наутро значаен дел од централното градско подрачје ќе остане без вода поради дефект на водоводната линија на булевар „Крсте Мисирков“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Прекинот ќе ги опфати објектите на МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, трговскиот центар „Мавровка“, делови од Старата скопска чаршија, Саат-кулата, улицата „Отокар Кершовани“, Адвокатската улица и дел од булевар „Крсте Мисирков“.
Од претпријатието информираат дека екипите ќе работат интензивно на терен и дека водоснабдувањето ќе биде вратено веднаш по отстранување на дефектот.



























