УТРО.мк

Мерц и Лула против нови конфликти: Куба не е закана, војната со Иран „лудило“

Мерц и Лула против нови конфликти: Куба не е закана, војната со Иран „лудило“
Vero

Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека САД немаат оправдување за евентуална интервенција во Куба, по заедничките германско-бразилски владини консултации одржани во Хановер.

Тој истакна дека, и покрај внатрешните политички предизвици со кои се соочува Куба, земјата не претставува закана за меѓународната безбедност.

– Не гледам никаква основа за воена интервенција. Потребно е да се избегне нов, непотребен конфликт – порача Мерц на заедничката прес-конференција.

Германскиот канцелар нагласи дека правото на самоодбрана не смее да се користи како изговор за мешање во внатрешните работи на други држави.

Сличен став изрази и бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, кој остро се спротивстави на каква било можност за интервенција во Куба.

– Против сум секое нарушување на територијалниот интегритет. Ниту една земја нема право да наметнува политички систем на друга – истакна Лула, повикувајќи се на принципите на Обединетите нации и правото на самоопределување.

Воедно, Лула упати критики и за конфликтот меѓу САД и Иран, оценувајќи дека актуелната ситуација претставува „лудило“ и предупреди на сериозни последици од ескалацијата.

Средбата се одржа во рамки на индустрискиот саем во Хановер, каде што Бразил годинава е земја-партнер на еден од најголемите настани од ваков тип во светот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран