УТРО.мк

Делови од Тетово, Брвеница и Лешок утре без струја

Делови од Тетово, Брвеница и Лешок утре без струја
Vero

Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (23 април) без електрична енергија ќе останат повеќе населени места во Тетово и околината.

Според најавата, прекините ќе се реализираат во периодот од 09:00 до 14:00 часот, при што без струја ќе бидат делови од градот Тетово, поточно објекти на улицата „Иво Лола Рибар“, како и објекти лоцирани позади КЕЦ Тетово (од 09:30 до 14:00 часот).

Истовремено, електрична енергија нема да има и во делови од селата Брвеница, Лешок, Церово, Порој и Чепчиште. Во Порој, прекинот ќе ги опфати објектите во близина на регионалниот пат кај маркет „Алда“, додека во Лешок ќе бидат засегнати објекти покрај регионалниот пат. Во Брвеница, прекинот се однесува на дел од селото на влезот од градот.

Надлежните апелираат граѓаните да ги прилагодат своите обврски во согласност со најавените прекини.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран