
Граѓаните и посетителите од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi на следната локација: Зелен пазар
WiFi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital.
Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Северна Македонија и Западен Балкан. Општина Тетово ќе биде една од 500 во регионот кои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на EU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7.000 локации низ Европската Унија.
Сите граѓани и посетители можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска.
Со оваа поддршка, Општина Тетово продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.
WiFi4WB #EU4Digital #TeamEurope























