УТРО.мк

Полициска акција – Скопјанец заврши зад решетки

Полициска акција – Скопјанец заврши зад решетки
Vero

Пронајден кокаин кај скопјанец, лишен е од слобода и одреден му е притвор

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 21.04.2026 до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.Љ. (27) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по чл.215 од КЗ. На 20.04.2026 од страна на ОСОСК во содејство со СВР Скопје, околу 22:00 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје е сопрено патничко возило „мерцедес“ управувано од лице од Скопје, во кое како совозач бил и Е.Љ..

При извршен преглед на Е.Љ., кај него се пронајдени 29,24 грама кокаин. Е.Љ. е лишен од слобода, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран