УТРО.мк

Превртен камион на патот Струмица – Валандово

Превртен камион на патот Струмица – Валандово
Vero

Сообраќајна незгода со превртен камион се случи денеска на регионалниот пат Струмица – Валандово, поради што сообраќајот се одвива наизменично.

Од 14:05 часот, возилата се пропуштаат по една коловозна лента, што предизвикува забавување и повремени застои на оваа делница.

Од АМСМ апелираат до возачите да бидат особено внимателни, да ја прилагодат брзината на условите на патот и строго да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, како и насоките од надлежните служби на терен.

Засега нема официјални информации за евентуални повредени лица, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Фото: Струмичко/Strumicko

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран