УТРО.мк

61-годишен косовски државјанин уапсен на Г.П Блаце: За него била распишана потерница од Интерпол

61-годишен косовски државјанин уапсен на Г.П Блаце: За него била распишана потерница од Интерпол
Vero

На граничниот премин Блаце, на 22 април 2026 година, полициските служби привеле 61-годишен државјанин на Косово, Р.Л., откако при редовна контрола било утврдено дека за него постои активна меѓународна потерница.

Според информациите, проверката во системите покажала дека лицето е евидентирано со мерка „апси“, издадена по барање на Интерпол, по што веднаш биле преземени службени дејствија за негово лишување од слобода.

По приведувањето, лицето е задржано од надлежните органи, каде што ќе следува понатамошна постапка согласно важечките процедури.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран