УТРО.мк

Уметничките дела на Џони Деп ќе бидат изложени во Германија: Достигнуваат вредност и до шест цифри

Уметничките дела на Џони Деп ќе бидат изложени во Германија: Достигнуваат вредност и до шест цифри
Vero

Овој викенд во Германија ќе бидат отворени две изложби на кои ќе бидат претставени ликовни дела од актерот и уметник Џони Деп, а интересот на јавноста, според галериите, веќе е значително голем.

Првата поставка ќе биде отворена во петок во галеријата „Билдер Фукс“ во Фулда, додека веќе следниот ден селектирани дела ќе бидат изложени и во галеријата „Арт“ во Висбаден. Организаторите нагласуваат дека станува збор за прв поголем обем на презентација на неговото творештво во Германија, иако дел од колекцијата веќе беше прикажан пред околу еден месец во Емендинген.

Посетителите ќе имаат можност да видат избор од неговите графики, меѓу кои се препознатливите серии „Одрази“ („Reflections“), „Генезата на Човекот-зец“ („Bunny Man’s Genesis“), „Пет“, „Алигатор“ („Gator“) и „Куќата што Џони ја изгради“ („The House That Johnny Built“). Покрај печатените графички изданија, изложбата опфаќа и оригинални уметнички дела – акварели, цртежи и монотипии кои припаѓаат на неговата понова визуелна фаза.

Од двете галерии истакнуваат дека интересот за поставката е изненадувачки висок, особено кај колекционери и љубители на современа уметност. Цените на нумерираните и рачно потпишани изданија започнуваат од околу 995 евра, додека во зависност од серијата и реткоста, можат да достигнат и околу 7.000 евра. Оригиналните дела, пак, стартуваат од приближно 10.000 евра, а некои примероци, зависно од форматот и побарувачката, можат да достигнат и шестцифрени износи.

Кураторот на изложбата во Фулда, Томас Шток, особено ја издвојува серијата „Пет“, која, како што вели, носи силен емотивен набој и алудира на периоди на лична борба и исцрпеност во животот на авторот.

Деп првпат ги претстави своите уметнички дела во 2022 година, по што следеа изложби во големите светски центри како Њујорк, Лондон и Токио, каде неговиот визуелен израз привлече сериозно внимание од публиката и колекционерите. Двете изложби во Фулда и Висбаден ќе бидат отворени за посетители до 24 мај.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран