УТРО.мк

Летовите под закана: Керозинската криза може да приземји авиони низ Европа веќе во мај

Летовите под закана: Керозинската криза може да приземји авиони низ Европа веќе во мај
Vero

Ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток и нарушувањата во транспортот низ Ормуски теснец почнуваат сериозно да го погодуваат глобалниот авиосообраќај.

Поради наглиот раст на цените на авиогоривото, дел од авиокомпаниите веќе преземаат мерки со намалување на бројот на летови, додека експертите предупредуваат дека ова може да доведе и до значително поскапување на авионските билети.

Според податоците на Меѓународната енергетска агенција, европските резерви на керозин се доволни за околу шест недели. Тоа отвора можност веќе во текот на мај да дојде до масовни откажувања на летови доколку кризата продолжи.

Анализите покажуваат дека глобалниот авиокапацитет за наредниот месец веќе е намален, а авиокомпаниите се подготвуваат за дополнителни кратења на линиите во случај на понатамошна нестабилност.

Ситуацијата внимателно се следи, бидејќи евентуално продлабочување на кризата може да има сериозни последици не само за патниците, туку и за целата транспортна индустрија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран