УТРО.мк

Масакр во Украина: Руски ракетен и дрон-напад убил најмалку 20 цивили, над 100 повредени

Масакр во Украина: Руски ракетен и дрон-напад убил најмалку 20 цивили, над 100 повредени
Vero

Русија синоќа изврши масивен напад со 476 дронови и 48 проектили врз повеќе украински региони. Најтешко беше погоден западниот град Тернопил, каде загинаа најмалку 20 лица, меѓу кои две деца, а 66 се повредени. Две деветкатни станбени згради беа сериозно оштетени, а спасувачите продолжуваат пребарување на урнатините.

Нападите погодиле ги погодиле и Харков, Лавов, Ивано-Франкивск и други области. Во Харков се повредени 46 лица, меѓу кои две деца, а уништени се болница, училиште и станбени објекти. Во Лавов е погоден магацин на „Укрпошта“ и магацин за гуми, но без жртви.

Русија повторно ја нападна енергетската инфраструктура, погодени се термоелектрани и електро-мрежи, со што илјадници жители останаа без струја. Директорот на „Укренерго“ истакна дека нападите се во бранови и предизвикуваат планирани исклучувања за стабилизација на мрежата.

Претседателот Зеленски побара дополнителни системи за ПВО и повика на зголемено меѓународно притискање врз Русија: „Да ги соборуваме ракетите, да ги неутрализираме дроновите и да ги запреме нападите.“ Поради нападите реагираше и Полска, која подигна борбени авиони за надзор на националниот воздушен простор.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран