УТРО.мк

Лукашенко се закани: „Орешник“ нема мирно да седи — нападот може да почне од која било точка

Лукашенко се закани: „Орешник“ нема мирно да седи — нападот може да почне од која било точка
Vero

Рускиот ракетен систем „Орешник“ нема трајно да биде сместен на една локација во Белорусија, бидејќи станува збор за мобилен комплекс, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Нема да откриваме детали. Никогаш нема да биде стациониран на едно место. Патролира на одредени локации, а од некои од нив ќе може да покрене напад доколку тоа биде потребно“, рече Лукашенко, пренесува агенцијата Белта.

Лукашенко претходно потврди дека ракетите „Орешник“ ќе се стават во состојба на борбена готовност во декември годинава и дека одлуката за евентуална употреба на системот ќе ја донесува заедно со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој им порача на потенцијалните противници „да не влегуваат во неприлика“, додавајќи дека, според него, токму така почнала и војната во Украина.

Русија првпат го употреби системот „Орешник“ во ноември минатата година; во групно дејствување тој може да има ефект споредлив со нуклеарна бомба, поради што Лукашенко по еден месец побарал тие ракети да бидат распоредени и во Белорусија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран