Рускиот функционер Дмитриј Медведев реагираше на објава на корисник на социјалната мрежа X, кој предложи Белгија да се користи како полигон за тестирање на рускиот подводен дрон „Посејдон“.
Претходно, претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека земјата успешно го тестирала подводниот беспилотен апарат „Посејдон“, кој се смета за едно од најмоќните оружја во арсеналот на руската морнарица.
Медведев во истиот контекст истакна дека „Посејдон со право може да се смета за оружје на Судниот ден“, со оглед на неговата разорна моќ и способност да предизвика гигантски бранови и радиоактивно цунами.
Како почна дискусијата
Под објавата за тестирањето, корисник на мрежата X под името SelfMade иронично коментираше изјава на белгискиот премиер Тео Франкен, кој се закани со уништување на Москва:
„Мислам дека треба повеќе тестови на ‘Посејдон’… користејќи ја Белгија како експериментален полигон“, напиша SelfMade.
На тој коментар, Медведев одговори:
„Тогаш Белгија би исчезнала.“
Изјавата на поранешниот руски претседател предизвика големо внимание на социјалните мрежи, каде корисниците се поделени меѓу оние кои неговата порака ја сфаќаат како сатирична опомена и оние кои во неа гледаат сериозна закана до Западот за можностите и силата на руското нуклеарно оружје.































