УТРО.мк

Ученици од Крива Паланка ограбени на екскурзија – полицијата брзо ги фати крадците

Ученици од Крива Паланка ограбени на екскурзија – полицијата брзо ги фати крадците
Vero

Ученици од трето одделение од ООУ „Илинден“ во Крива Паланка денеска биле ограбени додека биле на училишна екскурзија во Битола. Од автобусот им биле украдени мобилни телефони, паричници и други лични предмети.

За инцидентот извести агенцијата „Црво експрес“, која ги превезувала учениците. Според објавата на Фејсбук, кражбата се случила на паркингот кај Ракометната сала, а автобусот бил уредно паркиран.

По пријава на настанот, полицијата интервенирала експресно. Со детална проверка на околината и преглед на видеонадзорот, крадците биле лоцирани и запленети за само 40 минути, а украдените предмети биле вратени на учениците и наставниците.

Агенцијата „Црво експрес“ упати јавна благодарност до СВР Битола и сите инволвирани полициски службеници и инспектори кои го расветлиле случајот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран