УТРО.мк

Француските власти запленија над 50.000 играчки „Лабубу“

Француските власти запленија над 50.000 играчки „Лабубу“
Vero

Француските царински служби открија и запленија повеќе од 50.000 фалсификувани плишани играчки „Лабубу“ во серија акции спроведени во изминативе недели, објави телевизијата BFM.

Првите пратки биле пресретнати кон средината на септември во експресен товарен центар во регионите Сена и Марн, каде што биле пронајдени палети пристигнати од Белгија со над 7.000 плишани играчки и повеќе од 8.600 лажни пакувања.

Неколку дена подоцна, во Ла Курнев биле запленети уште 7.754 фалсификувани играчки, а истрагата потоа ги одвела инспекторите до продавница во Обервилиер. Таму биле откриени дополнителни 29.000 производи, меѓу кои и копии инспирирани од познати анимирани универзуми.

Француските царински власти соопштија дека контролите се интензивираат пред периодите на зголемена потрошувачка, како Црниот петок и Божиќ, кога на пазарот често се појавуваат небезбедни и фалсификувани производи.

„Потрошувачите мора да внимаваат на потеклото и автентичноста на играчките – фалсификатите можат да бидат опасни за децата“, предупредија од царината.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран