
Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат разговорите со Русија за стратешката стабилност и за идните аранжмани по истекот на договорот за намалување на стратешкото вооружување „Нов старт“, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.
„Тоа е исто така заедничко очекување на меѓународната заедница“, истакна Џијан на редовната прес-конференција.























