УТРО.мк

Јазот останува длабок: САД и Иран без приближување на ставовите

Јазот останува длабок: САД и Иран без приближување на ставовите
Vero

Иран одбива да го прекине збогатувањето на ураниум, што предизвика напнати и тешки разговори на индиректните преговори со Соединетите Американски Држави што денеска започнаа во Оман, објави „Волстрит џурнал“.

Според весникот, иранските претставници покажале подготвеност да продолжат со дипломатскиот процес со цел да се избегне можна воена акција од страна на САД. Сепак, разговорите, кои се воделе преку омански посредници, донеле минимален напредок околу клучните прашања.

Вашингтон настојува да ја ограничи не само нуклеарната програма на Иран, туку и развојот на балистички ракети и поддршката што Техеран ја дава на регионални милиции. Од друга страна, иранската страна инсистира преговорите да се фокусираат исклучиво на нуклеарното прашање.

Оваа средба претставува прв директен дипломатски ангажман меѓу САД и Иран по 12-дневниот конфликт во јуни, период во кој тензиите значително ескалираа поради воздушни напади, економски притисоци и низа регионални инциденти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран