
Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината
од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Така и оваа година беа предложени повеќе лица за добивање на благодарница “Илинден” и награда “Илинден”. Од предложените беа избрани лица, кои со својот ангажман придонеле за подобрување на животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на Македонците. Благодарницата и наградата “Илинден” ги доделува и врачува лично претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.
Оваа година Награда “Илинден” му се доделува на:
- Работна група за словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европски националности (ФУЕН) – Германија
Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:
- Отец Илија Мазнику – Свештеник на Албанската автокефална православна црква, со потекло од областа Голо Брдо – Тирана, Албанија
- Курир.мк – Скопје, Македонија
- Г-дин Љупчо Златев – Уредник на Лидер – Скопје, Македонија
- Република.мк – Скопје, Македонија
- Г-ѓа Марјана Дода – Уредник на Aргументум, Тирана, Албанија
- Д-р Илир Шута – Новинар, Телевизија СОТ 7, Поградец, Албанија
Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај им ги честитаат наградата и благодарниците на добитниците за 2026 година со надеж дека истите ќе послужат како поттик за натамошен ангажнман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај























