УТРО.мк

Ким Џонг-ун се сретна со Сергеј Шојгу во Пјонгјанг, ова била главната тема на разговор

Ким Џонг-ун се сретна со Сергеј Шојгу во Пјонгјанг, ова била главната тема на разговор
Vero

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Пјонгјанг оствари средба со секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, при што двајцата разговараа за понатамошна соработка меѓу двете земји во контекст на воените активности во регионот Курск, кој се граничи со Украина.

Според државната новинска агенција КЦНА, на средбата било нагласено учеството на севернокорејски војници во борбените дејствија во Курскиот регион, кој минатата година беше цел на украински напади. Двајцата функционери разговарале и за организирање активности со кои ќе се одбележат, како што беше наведено, „херојските подвизи“ на севернокорејските сили.

Покрај тоа, Северна Кореја се обврза да испрати илјадници воени градежни работници кои ќе помогнат во обновата на регионот по украинската офанзива. Шојгу изјави дека токму благодарение на таа помош, руските сили успеале да ги потиснат украинските трупи од Курск претходно годинава.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран