Денес градоначалникот на општина Битола во својот кабинет оствари средба со Амбасадорката на Канцеларијата на Литванија во Скопје Вилма Дамбраускиене, на која беа потврдени добрите билатерални односи помеѓу двете земји и можност за напредок во областа на културата, туризмот и економијата.
Градоначалникот Коњановски ги образложи и презентираше можностите во овие области и нагласи дека има голем простор за соработка помеѓу двете земји, а Битола како град на културата нуди можности за развој и размена.
Амбасадорката Дамбраускиене ја потенцираше нејзината воодушевеност од Битола и нагласи дека нејзината одлука беше овогодинешнота церемонија за одбележување на Јубилејот 30 години воспоставени билатерални односи помеѓу Македонија и Литванија, да биде во Офицерски дом во соработка со „Куќата на Европа“ , каде што на 19 Јули ќе биде одбележан со концерт на Дуо Зубовис, познати литвански пијанисти со дела на Чурљонис.