УТРО.мк

Божиновска: Кога ќе ги отворите вратите за младите – ќе ја отворите иднината

Божиновска: Кога ќе ги отворите вратите за младите – ќе ја отворите иднината
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со што започнува стратешко партнерство меѓу институцијата и академската заедница.

„Кога ќе ги отворите вратите за младите – ќе ја отворите иднината“, порача Божиновска, нагласувајќи дека соработката не е еднострано насочена, туку дека и Министерството ќе учи од младите студенти.

Според договорот:

Студентите од ФИНКИ ќе бидат вклучени во реални проекти во рамките на Министерството Ќе се работи на развој на модерни дигитални решенија за потребите на јавниот сектор Ќе се создава мост меѓу знаењето, иновацијата и институционалната трансформација

Партнерството, како што истакна Божиновска, е прв чекор кон долгорочна дигитална трансформација во јавната администрација, при што младите ќе играат клучна улога во создавањето на поефикасни, технолошки напредни институции.

„Ова е соработка од која добиваат сите – студентите стекнуваат искуство, институциите добиваат свежи идеи и технолошка поддршка, а граѓаните поефикасни услуги. Време е младите умови да станат двигатели на вистински системски промени“, порача министерката Божиновска.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран