Иран наводно лансирал балистичка ракета од типот „Khorramshahr-4“ во правец на Израел, јавуваат повеќе регионални и западни медиуми повикувајќи се на воени извори. Засега нема официјална потврда од Техеран, ниту информации за евентуални последици или дали ракетата била пресретната.
Ракетата „Khorramshahr-4“, позната и под името „Kheibar“, е најнова верзија од иранската балистичка програма. Таа има дострел од околу 2.000 километри и може да носи боева глава тешка до 1.500 килограми. Опремена е со напреден мотор на течно гориво од типот „Arvand“, што овозможува зголемена прецизност и скратено време за подготвка на лансирање – помалку од 15 минути.
Оваа ракета претставува дел од стратегијата на Иран за одвраќање во услови на зголемена регионална напнатост, особено по последните инциденти и размена на удари меѓу Техеран и Тел Авив. Израелските власти засега не даваат коментари, но воени извори потврдуваат засилено присуство на противвоздушни системи во јужниот и централниот дел на земјата.