УТРО.мк

Димитриеска Кочоска: 600 милиони денари дополнителни средства за општински инвестиции во 2025

Димитриеска Кочоска: 600 милиони денари дополнителни средства за општински инвестиции во 2025
Vero

Собранието денеска ја усвои Предлог-одлуката за прераспределба на буџетски средства за 2025 година, со која се обезбедуваат дополнителни 600 милиони денари за инфраструктурни и капитални проекти во општините, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

„Станува збор за инвестиции кои се дел од нашиот концепт за локален развој. Целта е општините да добијат дополнителни средства за проекти што директно ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе придонесат за економски раст“, изјави Димитриеска Кочоска.

Дополнителните средства ќе бидат распределени преку надлежните институции, врз основа на објавениот јавен повик и одобрените проекти. Освен 600-те милиони денари за општински проекти, со одлуката се предвидуваат и 242,3 милиони денари дополнително за Министерството за социјална политика, демографија и млади, наменети за социјални надоместоци.

Според министерката, најмногу средства се доделуваат во Министерството за образование и наука – 361,2 милиони денари, додека Министерството за спорт ќе добие 62,4 милиони, а Министерството за култура 60 милиони денари. Средствата се дел од вториот јавен повик за поддршка на општински проекти и се распределуваат според реалните потреби и динамиката на реализација.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран