Американскиот претседател Доналд Трамп одби јасно да одговори дали САД ќе се вмешаат во конфликтот меѓу Израел и Иран, но изјави дека „Иранците сакаат да дојдат во Белата куќа“.
На прашањето за можната американска интервенција, Трамп кусо рече:
– Не можам тоа да го кажам. Можеби ќе интервенирам, можеби нема. Никој не знае што сакам да направам. Но едно е сигурно – Иран има многу проблеми и сака да преговара.
Тој повторно ја истакна својата позиција дека Иран требало да биде подготвен за преговори уште пред израелскиот напад, оставајќи впечаток дека моментот за дипломатски дијалог е веќе пропуштен.
Трамп истакна дека ирански претставници дале сигнал дека „можеби би дошле во Белата куќа“, но веднаш додаде дека тоа тешко дека ќе се случи.
– Две многу едноставни зборови: безусловна предаја. Доста ми е – изјави Трамп, упатувајќи остра порака до властите во Техеран.
И покрај тоа што изрази сомнежи во врска со нуклеарните намери на Иран, Трамп додаде дека „ги сака Иранците“, оставајќи простор за можен дипломатски развој.