УТРО.мк

Литванската амбасадорка во посета на Битола: Коњановски најави нови можности за соработка

Литванската амбасадорка во посета на Битола: Коњановски најави нови можности за соработка
Vero

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со амбасадорката на Канцеларијата на Литванија во Скопје, Вилма Дамбраускиене. На состанокот беа потврдени добрите билатерални односи меѓу двете земји и се отворија можности за унапредување на соработката во културата, туризмот и економијата.

Коњановски ги презентираше потенцијалите што ги нуди Битола, особено во културниот сектор, истакнувајќи дека градот има капацитет за регионална и меѓународна размена на културни и економски проекти. Тој додаде дека ваквите средби се клучни за градење конкретни иницијативи со долгорочен ефект.

Амбасадорката Дамбраускиене ја изрази својата импресија од Битола и најави дека годинашната церемонија по повод 30 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Литванија ќе се одржи токму во Битола, во Офицерски дом, во соработка со „Јуроп Хаус“. Настанот е закажан за 19 јули и ќе биде одбележан со концерт на познатото литванско пијано дуо Зубовис, со дела од Чурљонис.

Двајцата соговорници ја нагласија важноста на културната дипломатија како мост за понатамошна меѓудржавна соработка.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран