
Рано утрово, Киев се најде повторно под интензивен руски ракетен напад, при што беа погодени повеќе објекти на двете страни од реката Днепар. Градоначалникот Виталијј Кличко преку Телеграм го потврди масовниот напад и предупреди дека операцијата сè уште е во тек.
Сведоци за Reuters пријавија силни експлозии што одекнувале низ целиот град, создавајќи страв и паника кај жителите. Тимур Ткаченко, шеф на воената администрација во Киев, потврди најмалку еден директен удар во источните предградија, додека регионалниот гувернер Олександр Ганжа информираше дека и југoисточниот град Днепар бил погоден.























