
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска поднесе оставка од функцијата на која беше избран во јули 2023 година за втор петгодишен мандат, дознава Дојче Веле. Со писмо испратено до претседателот на Собранието, Бислимоски утрово ја известил институцијата за повлекувањето, но во оставката не ги навел причините за тоа. Засега одлуката не сакаат да ја коментираат ниту тој, ниту неговите соработници, а јавноста може само да шпекулира со оглед на тоа дека мандатот на Бислимоски требаше да заврши во јуни 2028 година.
Пред нешто повеќе од две недели, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Бислимоски поради сомнеж за злоупотреба на службената положба и овластување, објави 4news.mk Во пријавата се наведува дека Бислимоски, како претседател на РКЕ, наводно не постапил според Законот за енергетика и не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол Петрол“ ДООЕЛ Скопје, иако истата не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива. Лиценцата требало да биде одземена во јануари 2024 година, но постапката била прекината со незаконско решение и конечно е одземена во април 2025 година. Според УФП, ова и овозможило на компанијата да оствари промет од над 3,15 милиони евра и противправна имотна корист од околу 229 илјади евра.
На прес-конференција, Бислимоски истакна дека ќе им ги стави на располагање сите информации на надлежните институции за да докаже дека во постапката за одземање на лиценцата не е направено прекршување на законската регулатива:
„Во наредниот период ќе го следам целиот процес и нема да дозволам на ниту еден начин да биде нарушено моето име, објави 4news.mk Сè што стои на располагање ќе им биде доставено на институциите. Цврсто сум убеден дека ќе докажеме дека немало прекршување ниту на Законот за енергетика, ниту на Правилникот за лиценцирање“, изјави Бислимоски.
Во ноември 2025 година, Финансиската полиција поднесе кривична пријава и против двајца управители на „Тритерол Петрол“ и против компанијата, поради сомнеж за фалсификување исправа и злоупотреба во постапка за јавни набавки.
За време на својот мандат, Бислимоски и РКЕ добија пофалби од Секретаријатот на енергетска заедница за спроведените реформи, но истовремено беа честа мета на критики и политички напади, Во 2020 година, опозициската ВМРО-ДПМНЕ организираше протести пред седиштето на РКЕ поради поскапувањето на струјата.
Во ноември 2025 година, Финансиската полиција поднесе кривична пријава и против двајца управители на „Тритерол Петрол“ и против компанијата, поради сомнеж за фалсификување исправа и злоупотреба во постапка за јавни набавки.
За време на својот мандат, Бислимоски и РКЕ добија пофалби од Секретаријатот на енергетска заедница за спроведените реформи, но истовремено беа честа мета на критики и политички напади, објави 4news.mk Во 2020 година, опозициската ВМРО-ДПМНЕ организираше протести пред седиштето на РКЕ поради поскапувањето на струјата.























