УТРО.мк

Поволни тарифи за македонските производи во САД, најави премиерот Мицкоски

Поволни тарифи за македонските производи во САД, најави премиерот Мицкоски
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски најави поволни вести за македонската економија во однос на извозот во САД. Според неговите зборови, околу 63 до 64 производи, кои се од стратешко значење за земјата, ќе можат да се извезуваат со едноцифрена тарифа, која ќе се движи од 0 до 6,5 проценти.

„Очекувам денеска ова да се потврди со заедничка изјава. Верувам дека ќе бидат донесени поволни одлуки за македонските производи“, изјави Мицкоски во разговор со новинарите, одговарајќи на прашање поврзано со тарифните преговори со САД, додека присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот за нова спортска сала во училиште во Карпош.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран