
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денес оствари работна средба со вршителката на должност амбасадор на САД во Македонија, Никол Варнс.
На средбата се разговараше за реализирање на капиталните проекти со посебен фокус на изградбата на автопатите Битола – Прилеп, Кичево – Гостивар (Стража) и Тетово – Гостивар. Дополнително, беа разменети мислења за економските односи и трговската соработка меѓу двете земји, кои бележат континуиран раст и се од значење за деловната клима и инвестициската средина.
Николоски нагласи дека стратешкото партнерство со САД обезбедува стабилност во земјата и регионот, особено во услови на глобални економски и геополитички предизвици, како и поддршка за реформските процеси, јакнење на институционалните капацитети, владеење на правото и борбата против корупцијата.























