УТРО.мк

Хезболах предупредува на опасна ескалација по израелскиот напад во Либан

Хезболах предупредува на опасна ескалација по израелскиот напад во Либан
Vero

Либанската шиитска милитантна група Хезболах синоќа изрази сериозна загриженост за можноста од нова ескалација на конфликтот со Израел, откако во најсмртоносниот напад од склучувањето на привременото примирје во ноември, загинаа 12 лица.

Во официјалното соопштение, Хезболах наведува дека нападот претставува „голема ескалација во рамките на тековната агресија против Либан и неговиот народ“. Групата ја повика владата во Бејрут да преземе „итни, сериозни и решителни чекори“ со цел зачувување на примирјето со Израел.

Истовремено, Хезболах бара од Соединетите Американски Држави, како посредник во примирјето, да ја преземат својата одговорност и да дејствуваат за стабилизирање на ситуацијата, пренесува катарската телевизија „Ал Џазира“.

„Во отсуство на официјален, јасен и ефективен став, како и поради континуираниот немар и неактивност на меѓународната заедница, неизбежно ќе дојде до нови прекршувања и агресии. Израел се обидува да изврши притисок врз националната волја на Либан, но народот на Либан ќе остане доследен на отпорот како единствен начин за соочување со агресорот“, стои во соопштението на Хезболах.

Според информациите, во израелските воздушни напади врз либанските региони Бека и Балбек-Хермел загинале седум државјани на Сирија и пет Либанци, а уште 12 лица се повредени.

Катарската телевизија дополнува дека Израел речиси секојдневно го прекршува примирјето со нови напади на територијата на Либан.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран