УТРО.мк

Хаос во Чиле: Автобуси и автомобили пливаат по улиците по обилните врнежи од дожд

Хаос во Чиле: Автобуси и автомобили пливаат по улиците по обилните врнежи од дожд
Vero

Обилни врнежи од дожд предизвикаа сериозни поплави во западниот дел на Сантијаго, при што најпогодена е сообраќајницата Камино Мелипиља. На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледаат автобуси и автомобили заглавени во надојдената вода, а сообраќајот е речиси целосно парализиран.


Според првичните информации, поплавите се резултат на интензивни врнежи и недоволна одводна инфраструктура, што довело до излевање на водата на коловозите. Надлежните служби се на терен и работат на пренасочување на сообраќајот и извлекување на возилата, додека граѓаните се повикуваат да ги избегнуваат погодените делови од градот.


Засега нема официјални податоци за повредени лица, но властите во Чиле предупредуваат дека опасноста од нови поплави останува доколку врнежите продолжат и апелираат за внимателно движење и следење на официјалните известувања.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран