
Полициски службеници од Полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа околу 02:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна жена од Велес, поради тоа што претходно ги оставила своите 5 малолетни деца сами во домот, додека самата заминала за Скопје.
За настанот било известено јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Информацијата за напуштените малолетни деца и поради што се преземени полициски мерки, претходно била пријавена кај надлежните во Велес. Кога полициските службеници пристигнале во Ѓорче Петров, жената била уапсена на местото на настанот.























