УТРО.мк

Десетгодишно девојче од село Глумово заврши на клинички откако го погодило заталкан куршум

Десетгодишно девојче од село Глумово заврши на клинички откако го погодило заталкан куршум
Vero

Сериозен инцидент ја вознемири јавноста откако десетгодишно девојче од скопското село Глумово било повредено од заталкан куршум кој завршил во нејзината нога, информираат надлежните институции.


Настанот се случил вчера, а детето веднаш било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што лекарски тим констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата. По укажаната медицинска помош, девојчето било задржано на понатамошно лекување.


Според првичните информации, станува збор за заталкан куршум, а засега не е утврдено од каде и под какви околности е испукан проектилот. Полицијата извршила увид на местото на настанот и започнала истрага за утврдување на причините и одговорноста.


Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека се преземаат сите потребни мерки за да се утврди дали куршумот потекнува од незаконска употреба на огнено оружје, како и дали има лице кое ќе сноси кривична одговорност за загрозување на безбедноста.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран