
Според објави на повеќе странски медиуми и анализи на т.н. „Епштајнови досиеја“, во документите наводно постојат илјадници референци поврзани со Русија, при што името на Владимир Путин се споменува повеќе од илјада пати, а Москва речиси десет илјади пати.
Британскиот таблоид Daily Mail објави дека, според извори на кои се повикува, Џефри Епштајн наводно можел да има контакти со структури поврзани со Москва. Во написите се изнесуваат тврдења дека Епштајн доведувал млади жени од Русија во САД, со цел компромитирање на влијателни личности, политичари и бизнисмени преку т.н. „honey trap“ операции.
Во истите медиумски извештаи се тврди дека фотографии и видеоснимки од приватни забави наводно завршувале кај руската безбедносна служба ФСБ, но за овие наводи не се презентирани официјални докази, ниту пак постои потврда од надлежни институции.
Важно е да се нагласи дека споменувањето на имиња во документите не претставува доказ за вмешаност или вина, а досега нема официјална реакција или потврда од руските власти во врска со овие тврдења.























