
Во еден од најексклузивните делови на Лондон, среде бел ден беше ограбена продавница за накит, при што маскирани лица за помалку од 60 секунди однеле вредна стока и побегнале од местото на настанот.
Според достапните информации и видеоснимките што кружат на социјалните мрежи, вработените се обиделе да го заштитат накитот, но брзината и организираноста на напаѓачите јасно покажуваат дека речиси немало можност за спречување на кражбата.
Осомничените накитот го собрале во обична торба, по што се оддалечиле без да бидат задржани. Во инцидентот нема повредени лица, што го потврдија и локални извори.
Полицијата започна истрага и ги анализира видеоснимките од безбедносните камери, додека случајот повторно ја отвори дебатата за безбедноста и зголемените кражби во луксузните трговски зони на британската престолнина.























