Продолжениот делумен прекин на работата на федералната влада во САД предизвика сериозни нарушувања во авиосообраќајот. Денеска се откажани над 1.550 летови, додека над 1.200 се одложени, четврти ден по ред.
Според податоците на веб-страницата за следење летови FlightAware, вчера биле откажани речиси 2.950 летови, а околу 10.800 биле одложени – што го прави најтешкиот ден за американската авијација од почетокот на делумното запирање на работата на владата на 1 октомври.
Причините за хаосот се намалени капацитети за контрола на летање и отсуства на персонал во федералните служби, што го нарушува нормалниот авио сообраќај во целата земја.























