УТРО.мк

Проширена истрага во „Железара“: под истрага и полициски службеник

Проширена истрага во „Железара“: под истрага и полициски службеник
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје ја прошири истрагата за кражбата на кабли и оштетувањето на јавните инсталации во фабриката „Железара“, при што под сомнение е опфатен и полициски службеник од МВР.

Според обвинителството, против полицискиот службеник е донесена наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение за тешка кражба, со што се сомничи дека бил соизвршител заедно со тројцата лица кои пред десетина дена беа обвинети.

Досегашните сознанија покажуваат дека групата крадела високоенергетски и среднонапонски кабли од објектот на „Полуконти – ИГМ“ и од подземните тунели во „Железара“, кои ја снабдуваат со електрична енергија компаниите АД ЕСМ – Подружница Енергетика Скопје и Макстил АД Скопје. Вредноста на украдените кабли се проценува на околу 440.000 евра.

Осомничените, откако со апарат проверувале дали каблите се под напон, ги сечеле со батериска брусалка и ги складирале до влезот на тунелите. На 9 април, поради нивните дејствија, избувнал пожар во трафостаницата ТС „Југ“, предизвикувајќи дополнителна штета од над 100.000 евра, а поради дефектите биле нарушени планираното производство и дистрибуција на електрична енергија, со уште околу 60.000 евра загуби.

Јавниот обвинител побара од судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје да им биде определена мерка притвор на новоосомничениот полициски службеник, како и на неговите тројца соизвршители, кои веќе се во притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран