Основното јавно обвинителство Скопје доби кривична пријава против Н.А., вработен во Полициската станица Аеродром при СВР Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ во соизвршителство.
Според истрагата, во периодот од 5 јануари до 7 мај 2025 година, пријавениот заедно со три лица од Скопје противправно одзел бакарни кабли – јавни инсталации со бакар – од објекти на Акционерско друштво, сместени во кругот на поранешна фабрика во Скопје.
Одделот за внатрешна контрола при МВР најавува поднесување предлог за поведување дисциплинска постапка против Н.А., вклучително и задолжителна суспензија и отстранување од работното место.























