УТРО.мк

Хамас се спремал за Европа: Оружје и планови за напади запленети во Виена

Хамас се спремал за Европа: Оружје и планови за напади запленети во Виена
Vero

Израелската разузнавачка агенција Мосад соопшти дека терористички заговори на Хамас во Европа биле откриени и спречени, при што операциите биле координирани од Катар, а можеби и од Турција.

Според Мосад, оружјето запленето во Виена припаѓало на оперативецот на Хамас, Мухамед Наим, син на политичкиот лидер на организацијата, Басем Наим. Времето на состанокот укажува на можно одобрување од врвот на Хамас, иако организацијата ги негира поврзаност со уапсените.

По апсењата во Германија и Велика Британија, европските безбедносни агенции заплениле автоматско оружје, пиштоли и муниција, за кои се претпоставува дека биле наменети за напади врз еврејски цели. Австриската служба за безбедност DSN открила дел од арсеналот во Виена.

Истрагата ја истражува и улогата на членови на Хамас кои живеат во Турција, додека Израел предупредува дека организацијата сè повеќе гради мрежа во Европа откако на 7 октомври 2023 година изведе напади.

Хамас, пак, тврди дека сите активности се насочени исклучиво кон „спротивставување на израелската окупација на Палестина“ и ја негира поврзаноста со уапсените осомничени.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран