УТРО.мк

Израелските сили со тенкови и булдожери уништија гробишта во јужниот дел на Појасот Газа

Израелските сили со тенкови и булдожери уништија гробишта во јужниот дел на Појасот Газа
Vero

Израелските вооружени сили во четвртокот наутро извршиле уништување на гробишта и ексхумација на гробови во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти Министерството за верски прашања на палестинските власти во Газа.

Според соопштението, инцидентот се случил на Турските гробишта во реонот Ал-Маваси, западно од градот Кан Јунис, каде во тек била акција за уривање на кампови на раселени палестинци, поставени во близина на гробиштата, јавува Ал Џазира.

Министерството обвини дека израелската армија уништила целосно или делумно околу две третини од вкупно 60 гробишта на територијата на Појасот Газа од почетокот на воените дејства.

Областа Ал-Маваси, која е густо населена со раселени лица, во последните денови е подложена на интензивно израелско воено напредување, при што, според палестинските извори, страдаат и објекти од верско и културно значење.

Од израелска страна засега нема официјална реакција во врска со последните обвинувања.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран