УТРО.мк

Изненадување во Киев

Изненадување во Киев
Vero

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му соопштил на секретарот на американската армија, Ден Дрискол, дека е подготвен да соработува со администрацијата на претседателот Доналд Трамп на новиот мировен план, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски и украински претставници.

Иако планот бара значајни отстапки од Украина – вклучително и отстапување дел од контролирана територија на Русија – Зеленски не го одбил и се согласил на почетни преговори. Неговата канцеларија соопшти дека во наредните денови очекуваат разговор со претседателот Трамп.

Дрискол на средбата во Киев му предал копија од планот на украинскиот претседател. Од Кабинетот на Зеленски наведуваат дека тој ги истакнал „основните принципи важни за украинскиот народ“, а двете страни се согласиле да работат на одредбите на планот за да се постигне праведен крај на војната.

Еден американски функционер изјавил дека Зеленски и Дрискол се договориле за „агресивен рок за потпишување“. Делегацијата на Дрискол првично била испратена за разговори за воена технологија и стратегија, но Белата куќа побарала да помогне и во отворање преговори во име на американскиот претставник Стив Виткоф и државниот секретар Марко Рубио.

Мировниот план, подготвен од Виткоф и други американски функционери во координација со Русија, предизвика силни реакции во Киев и европските главни градови, особено поради одредбите кои се оценуваат како поволни за Москва, меѓу нив и ограничувања на украинската армија по завршувањето на војната.

Украина досега секогаш ги отфрлала ваквите предлози, предупредувајќи дека Русија може да ги користи за подготвување идна агресија. Европските партнери, пак, не биле консултирани при изработката на планот.

САД во изминатите денови се обидуваат да ги уверат Украина и европските сојузници дека документот е „жив“ и подложен на промени. Во утрински телефонски разговор, Виткоф му рекол на германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул дека станува збор за „рамка на идеи“ која може да се прилагодува.

Преговорите доаѓаат во чувствителен момент за Зеленски, кој се соочува со најсилниот политички притисок на домашен терен од почетокот на инвазијата. Корупциски скандали во врвот на власта ја поттикнаа опозицијата да бара стабилизација на институциите или формирање влада на национално единство.

Зеленски вечерва ќе се сретне со пратениците од својата партија, само неколку часа по разговорот со Дрискол. Дел од американските функционери сметаат дека домашниот притисок може да го направи подготвен за болни компромиси, додека други аналитичари предупредуваат дека политичката неизвесност го ограничува неговиот маневарски простор за отстапки кон Москва.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран