УТРО.мк

Изгоре популарниот балкански ноќен клуб „Вилиџ“ во Виена

Изгоре популарниот балкански ноќен клуб „Вилиџ“ во Виена
Vero

Популарниот балкански ноќен клуб „Вилиџ“ во Виена целосно беше зафатен од голем пожар во ноќните часови кон вторник. Огнената стихија брзо се проширила и го зафатила покривот на објектот, предизвикувајќи сериозна материјална штета.

На терен интервенирале повеќе пожарникарски екипи со неколку возила и два водени топа, а гаснењето траело цела ноќ. Нема повредени лица, бидејќи клубот во моментот не работел. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите, огнот не се проширил на соседните згради, иако дел од самата структура на клубот се урнал.

Причината за пожарот засега останува непозната, објави австрискиот портал vol.at.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран