УТРО.мк

Ирански лидер со остра реторика: Регионалните држави повеќе нема да ги штитат САД

Ирански лидер со остра реторика: Регионалните држави повеќе нема да ги штитат САД
Vero

Иранскиот политички и верски функционер Моџтаба Хамнеи упати остра порака до земјите од Блискиот Исток, тврдејќи дека тие „повеќе нема да служат како заштитен штит“ за американските воени бази во регионот.

Изјавата е објавена по повод хаџот, големото годишно исламско поклонение во Мека, Саудиска Арабија, и веднаш привлече внимание во меѓународната јавност.

– Нема враќање во старите времиња. Народите и државите од регионот повеќе нема да бидат штит за американските бази. Америка повеќе нема да има безбедно засолниште во регионот за интриги и воени позиции, порача Хамнеи.

Оваа порака се смета за една од поретките негови јавни настапи во последниот период, во услови на засилени тензии на Блискиот Исток. Според неофицијални извештаи, тој се појавува главно преку писмени изјави по наводни повреди во претходни настани, иако тие тврдења не се независно потврдени.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран