
Во сообраќајна несреќа што се случила попладнево во Штип, патничко возило со двајца патници излетало од коловозот и завршило превртено во двор од куќа покрај улицата „Панче Караѓозов“.
Според првичните информации, возачот наводно се обидел нагло да реагира за да избегне пешак кој во тој момент ја преминувал улицата. При маневарот изгубил контрола над возилото, по што автомобилот излетал од патот и завршил на покрив.
Очевидци велат дека се слушнал силен удар, по што возилото било забележано превртено во дворот од куќа веднаш до коловозот.
Во автомобилот се наоѓале возачот и сопатникот, кои по несреќата биле пренесени во Клиничката болница во Штип. Според информации од локални жители, двајцата се во стабилна здравствена состојба.
На местото интервенирала полицијата која извршила увид, а точните околности и причините за несреќата дополнително се утврдуваат.















