УТРО.мк

Четврток со ризик од невреме: Пороен дожд, силен ветер и можен град

Четврток со ризик од невреме: Пороен дожд, силен ветер и можен град
Vero

Во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо, со претежно сончеви периоди во претпладневните часови, но и услови за нестабилност во попладневните часови, предупредуваат од метеоролошките прогнози.

Се очекува да дува умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 40 километри на час.

Најнестабилно време се очекува во четврток, кога на повеќе локации ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите можат да прераснат во невреме со пообилни врнежи, електрични празнења, силен ветер над 60 km/h, како и можност за појава на град.

Во наредните денови температурите ќе останат релативно високи, со дневни максимални вредности кои ќе се движат од 21 до 33 степени Целзиусови, во зависност од денот и регионот.

За 27 мај се прогнозира сончево и топло време со мала до умерена облачност, а попладне е можна изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Температурите ќе се движат од 9 до 33 степени.

Слични временски услови се очекуваат и на 28 и 29 мај, со сончеви интервали и локални попладневни нестабилности, проследени со краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран