УТРО.мк

Иран тврди дека го погодилe американскиот носач „Абрахам Линколн“ во Оманското Море

Иран тврди дека го погодилe американскиот носач „Абрахам Линколн“ во Оманското Море
Vero

Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека извршил напад врз американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“, користејќи ракети и беспилотни летала, при што бродот, според нивните тврдења, претрпел сериозни оштетувања и бил принуден да се повлече од регионалните води.

Според Централната команда „Светиот пророк“ на Иран, нападот бил изведен во Оманското Море, на околу 340 километри од иранските поморски граници. Во операцијата, како што се наведува, биле употребени напредни ракетни системи и дронови.

ИРГЦ тврди дека претходно била нападната и базата на Петтата флота на американската морнарица во Мина Салман, во Бахреин. Според соопштението, нападот бил изведен во два бранa со ракети и беспилотни летала.

Како цели биле наведени клучни објекти во базата, меѓу кои системи за одбрана од дронови, простории за складирање и одржување на беспилотни летала, опрема за поддршка, како и резервоари за гориво. Иранските власти тврдат дека во нападот е предизвикана значителна материјална штета.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран