
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, изјави дека неподготвеноста на Техеран да прифати прекин на огнот не значи дека земјата сака војна, туку дека е решена да се брани.
Тој нагласи дека конфликтот мора да заврши на начин што ќе испрати јасна порака до противниците на Иран.
– Оваа војна мора да заврши на начин што ќе осигури дека непријателите никогаш повеќе нема да помислат да ги повторат ваквите напади, изјави Арагчи.
Според него, актуелните настани покажале со каква држава се соочуваат противниците на Иран.
– Тие сега видоа со каква нација имаат работа, нација што ќе се брани и ќе ја води оваа борба колку што е потребно, додаде иранскиот министер.























