УТРО.мк

Наини ги предизвикува САД: „Ако се осмелува, Трамп нека ги испрати своите бродови во Персискиот Залив“

Наини ги предизвикува САД: „Ако се осмелува, Трамп нека ги испрати своите бродови во Персискиот Залив“
Vero

Бригадниот генерал Али Мохамед Наини, портпарол на Иранската исламска револуционерна гарда, ја реагираше најавата на Доналд Трамп дека американските сојузници треба да испратат воени бродови за да обезбедат премин низ Ормускиот теснец.

Во објава на својата платформа Truth Social, Трамп повика Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Обединетото Кралство и други земји погодени од блокадата да ги испратат своите бродови за да обезбедат непречен морски сообраќај низ теснецот, кој е витален за глобалната трговија со нафта.

Наини, пак, упати отворен предизвик кон Вашингтон: „Нели Трамп рече дека иранската морнарица е уништена? Ако е така, нека ги испрати своите бродови во Персискиот Залив – ако се осмелува“, објави полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран