УТРО.мк

Иран со нов масовен напад врз Израел

Иран со нов масовен напад врз Израел
Vero

Иран вечерва изведе нов масовен напад врз Израел, користејќи комбинација од голем број дронови и проектили. Според иранските власти, нападите ќе продолжат во текот на целата ноќ. На социјалните мрежи се појавија снимки што го прикажуваат обемот на оваа офанзива.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека „Исламската Република ќе го порази ционистичкиот ентитет“, алудирајќи на Израел.

Израелската армија потврди дека пресретнала неколку дронови над јужниот дел од Голанската висорамнина, наведувајќи дека воздушните сили реагирале по активирање на сирени во подрачјата Рамат Магшимим и Хаспин.

Ова е четврти ден од ескалацијата меѓу двете земји, откако Израел во петокот изведе координирани воздушни напади на повеќе цели во Иран, вклучувајќи и воени и нуклеарни објекти. Техеран возврати со низа напади врз израелски цели.

Израелските власти соопштија дека во иранските напади од петокот досега загинале најмалку 24 лица, а стотици се повредени. Иран пак објави дека во израелските напади се убиени најмалку 224 лица, а повредени се повеќе од 1000.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран