УТРО.мк

Иран по нападот врз Техеран: Ќе одговориме силно, Израел ќе зажали за оваа глупава одлука

Иран по нападот врз Техеран: Ќе одговориме силно, Израел ќе зажали за оваа глупава одлука
Vero

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, остро реагираше на масовниот израелски напад врз Техеран и други градови, ветувајќи дека одговорот на Иран ќе биде „легитимен, мудар и силен“ и ќе го натера Израел „да зажали за оваа глупава одлука“.

Во официјалната изјава објавена утрово, Пезешкијан ги осуди нападите како „брутална агресија“ и „кршење на сите меѓународни норми“, наведувајќи дека меѓу загинатите се деца, жени, цивили, високи воени команданти и нуклеарни научници.

„Ова злосторство нема да остане без одговор. Израел уште еднаш ја потврди својата криминална природа и ќе се соочи со последиците“, изјави иранскиот претседател, повикувајќи на единство и солидарност во земјата.

Израелските воздухопловни сили извршија прецизен напад врз над 100 цели на иранска територија, вклучувајќи и воени и нуклеарни објекти. Според иранската државна новинска агенција ИРНА, во нападот во Техеран се убиени четворица високи генерали, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот на иранската армија, Мохамад Багери.

Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи исто така се огласи по нападот, порачувајќи дека Израел треба да се подготви за „строга казна“.

Ситуацијата дополнително ги влоши тензиите на Блискиот Исток, а меѓународната заедница повикува на итна деескалација.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран