УТРО.мк

Илјадници Палестинци преживуваат во импровизирани шатори

Илјадници Палестинци преживуваат во импровизирани шатори
Vero

Илјадници раселени Палестинци во регионот Ал-Маваси, крајбрежјето на Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, живеат во пренатрупани и импровизирани шатори.

Дрон снимките покажуваат семејства кои се обидуваат да преживеат во услови на уништена инфраструктура, ограничен пристап до храна, вода и медицинска помош. Жителите немаат основно засолниште, струја и санитарни услови. Хуманитарните организации предупредуваат дека ситуацијата во Газа е една од најголемите хуманитарни катастрофи во современата историја, предизвикана од повеќемесечната израелска блокада и масовните разурнувања.

Договорот за прекин на огнот, постигнат минатата недела меѓу Израел и Хамас, предвидува ослободување на израелските заложници во замена за палестински затвореници, формирање нов управувачки систем без Хамас и обнова на разурнатите области.

Од октомври 2023 година, израелските напади во Газа однеле речиси 68.000 палестински животи, претежно жени и деца, претворајќи го појасот во скоро ненаселива зона.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран